Томовски: Владата ќе набави нов владин авион, мора да се покажеме како сериозна земја

„Ако сакаме да бидеме сериозна земја, мора да имаме соодветен авион, односно соодветен владин авион, и не смееме да се спуштиме до ниво соседните земји да нè земаат со своите авиони кога треба да одиме некаде со заеднички делегации“, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

„Лирџетот“ што го имаме во моментов не ги задоволува потребите на државата и има високи трошоци за одржување, бидејќи резервни делови повеќе не се произведуваат. Затоа користиме репарирани делови и од 2017 година до денес, околу четири милиони евра се потрошени за услуги, што не би било случај за нов авион. Ако треба да правиме подолги патувања, ќе ни треба поголем авион со најмалку 14 седишта, за разлика од овој што има шест. Со еден збор, Лирџетот е многу мал“, рече Томовски во интервју за „Канал 5“.

Тој исто така рече дека претходната влада сакала да купи нов авион и била во напредна фаза на преговори со разни производители, но го криела ова од јавноста.