Американскиот актер Том Круз имаше една необична клаузула вградена во сите негови филмски договори, а тоа е дека неговиот лик не смее да се користи во каква било форма за комерцијални цели.
Том е еден од најплатените актери во светот и се има појавено во бројни акциони филмови, како ,,War of the worlds“, ,,Mission Impossible”, “Top Gun”, ,,Minority Report”, ,,Edge of Tomorrow”. Некои од кои беа големи хитови, но сепак не дозволи комерцијализација на неговиот лик.
На пример, тој не дозволуваше користење на неговото лице ниту за видео игрите „Mission Impossible”, ,,War of the Worlds” и ,,Мinority Report”, па изгледот на главниот лик во игрите беше сосема поинаков, што разочара многу фанови.
Понатаму, не може да се купи ниту акциона фигура или други официјални сувенири или играчка со негова сличност, што веројатно е главоболка за многу колекционери.
Круз дури го прашале зошто не дозволува неговиот лик да се користи за комерцијални цели бидејќи тоа би му донело и пари, но тој никогаш не одговорил на тоа прашање.
Секако, можете да најдете некој колекционерски предмети со неговиот лик на нив но ниту еден од нив не е лиценциранили официјален од неговите филмови.