Том Круз и Ана де Армас раскинаа по неколкумесечна врска: „Искрата згасна“

Американскиот актер Том Круз и актерката Ана де Армас одлучија да ја прекинат својата врска, која ја започнаа во февруари оваа година.

Двајцата сега сметаат дека функционираат многу подобро како пријатели, изјавил извор за британските медиуми.

„Искрата меѓу нив згасна, но тие сè уште уживаат во меѓусебното друштво и двајцата се однесуваа доста зрело во врска со тоа. Том и Ана се забавуваа одлично заедно. Ќе останат добри пријатели. Тие повеќе не се пар“, рече тој.

Гласините дека се заедно почнаа да се шират во февруари оваа година, кога беа фотографирани како вечераат во Лондон. После тоа, беа видени на одмор во Шпанија, на концертот на „Оејзис“ на стадионот „Вембли“ во Лондон и на други локации.

Тие никогаш јавно не зборувале за својата врска, но потврдија дека се заедно држејќи се за раце во Вермонт во јули. Том Круз беше во брак три пати – со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс.

Ана де Армас беше во брак со Марк Клоте. Претходно беше во врска со Бен Афлек.