Од 2013 година, Том Круз не сака да ја види својата ќерка Сури, која ја има во брак со Кејти Холмс. Таа сега реши да се откаже од неговото презиме.
На овој чекор се одлучила неодамна, откако го прославила својот 18 роденден. Според американските медиуми, таа сега се потпишува како Сури Ноел. Вака таа е наведена во актерската екипа на бродвејскиот мјузикл „Head Over Heels“ во кој глумеше на почетокот на овој месец.
Ноел е средното име на нејзината мајка Кејти Холмс, која се разведе од Том во 2012 година. Леа Ремини, актерка која практикуваше скиентологија, во едно интервју изјави дека скиентолозите ја сметаат Кејти за непријателка.
Том не сака да ја види својата ќерка поради оваа причина. Како што е познато, Кејт и Сури, за разлика од Том, никогаш не сакале да бидат членови на Скиентолошката црква.
Непосредно пред разводот на оваа актерска двојка, некои членови на Скиентолошката црква се вселиле во нивниот дом, поради што Кејт била крајно загрижена и решила да поднесе барање за развод.
„Том се чувствува виновен што пропуштил многу во животот на својата ќерка, но тврди дека не ја исклучил целосно од својот живот и добива ажурирања од време на време“, тврди извор сега за американските медиуми.