Том Круз ќе одржи свадба во вселената: Тој сака да биде првиот што ќе го направи тоа

Холивудските актери Том Круз и Ана де Армас повторно се во центарот на вниманието, овој пат поради гласините за исклучително необичен и авантуристички план за нивната свадба.

Според информациите од светските медиуми, двојката разгледува опции што одат подалеку од сите традиционални церемонии, од подводна венчавка, до рецитирање завети за време на скок со падобран, па дури и венчавка во вселената.

Извори блиски до двојката откриваат дека Том Круз , познат по својата страст кон опасни акциони сцени и истражување на вселената, сака нивниот голем ден да биде навистина „поголем од животот“.

Според „Радар онлајн“, двојката разгледала неколку различни идеи, а Круз бил особено фасциниран од можноста да бидат првиот пар што ќе се венча во вселената.

Исто така, се споменува идејата за кажување на заветите додека скокаат со падобран, што јасно покажува дека сакаат нивната церемонија да биде што е можно поспектакуларна и незаборавна.

Веста доаѓа по месеци шпекулации за нивната врска, бидејќи Круз и Ана се видени заедно на бројни јавни настани. Иако ниту еден од нив јавно не ја потврди својата романса, нивните заеднички појавувања ги држат фановите и медиумите во постојана неизвесност.

Ве потсетуваме дека Том Круз досега беше во брак три пати, со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс. Ана де Армас претходно беше во брак со шпанскиот актер Марк Клоте, а беше и во врска со актерот Бен Афлек.

Ана де Армас

Не треба да го изоставиме фактот дека овие приказни се појавуваат токму во моментот кога Никол Кидман го завршила бракот со Кит Урбан, додека Бен Афлек наводно покажува знаци на љубомора поради врската на Том со Ана – што на целата приказна ѝ дава уште поголема драма и холивудски сјај.