Напитокот од топла вода со лимон има големи здравствени предности и е дел од ајурведската пракса веќе подолго време. Ајурведската медицина уште во 1977 година е официјално прифатена од Светската здравствена организација како природен начин на лекување, а во Индија и некои делови на Азија се применува многу одамна.
Топлата вода го стимулира желудникот и работата на цревата, а лимонот го прочистува црниот дроб. Исто така, ѝ помага на желудечната киселина при варење на храната и отстранување на токсините.
Лимонот е извор на витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во превенција и лекување на настинка, додека аскорбинската киселина помага при апсорпција на железото и го јакне имунитетот.
Лимонадата е природен диуретик, што значи дека помага и овозможува полесно исфрлање на токсините од телото.
Комбинацијата од лимон и топла вода помага за хидрација и зголемување на нивото на кислород во крвта, што овозможува поголема енергија.