Фудбалерите на Интер вечерва против Бенфика ќе го одиграат реванш натпреварот од четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Натпреварот започнува од 21:00 часот на стадионот „Џузепе Меаца“, а домаќините дојдоа до значајна предност по победата од 2:0 во Лисабон, но не се смирува тензијата на тренинзите.
Камерите ја уловиле тензичната ситуација меѓу Андре Онана и Марсело Брозовиќ откако голманот на Интер во доцна реакција го фати репрезентативецот на Хрватска. Овој не му останал должен, туку започнал вербален конфликт, но тој не станал физички поради реакцијата на Ромелу Лукаку и играчите во непосредна близина.
Нервозата си го прави своето, но ваквите ситуации не се ретки во светот на фудбалот.