ТОТАЛЕН ХАОС ВО ШВЕДСКА – Пукање јужно од Стокхолм, три тинејџери тешко повредени, итно испратени специјалните полицајци на терен

Најмалку три лица се ранети во престрелката во шведскиот град Седертеље. Полицијата и итната помош се на местото на настанот, а нема информации дали напаѓачот е уапсен.

Во тек е голема полициска акција поради пукањето во шведскиот град Седертеље, јужно од Стокхолм, јави шведскиот јавен сервис STV.

Повредени се три лица и станува збор за тинејџери, а STV дознава дека се родени 2006 и 2007 година. Еден од нив е тешко повреден, а сите се пренесени во болница. Полицијата е на терен, врши увид и разговара со очевидци.

Покрената е прелиминарна истрага за убиство во обид и тешко кривично дело поседување на оружје.

Бран насилство ја зафати Шведска пред една година, а се претпоставува дека се работи за справување со криминални банди.

пукањеСедертељеШведска