– Челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем го контактирале германскиот стратег Јулијан Нагелсман за негов ангажман на тренерското место кое остана празно по заминувањето на Италијанецот Антонио Конте.
Телевизијата „Скај Германија“ објави дека преговорите со Нагелсман се во почетна фаза и оти постои мала веројатност тој експресно да седне на клупата на Тотенхем.
Според истиот извор, 35-годишниот стратег сака добро да размисли околу својата иднина по оставката која му беше врачена во Баерн Минхен.
Дел од медиумите наведуваат дека за Нагелсман интерес пројавува и Реал Мадрид.