Комисијата за ревизија на постапките за давање дозволи за поседување оружје констатира дека не се постапувани над 5000 предмети, а исто така голем број предмети се постапувани со кршење на законските одредби, во кој случај Одделението за Внатрешната контрола по основната истрага доставила до Секторот за дисциплинска постапка предлог за спроведување на дисциплинска постапка – разрешување на околу 15 лица кои од претходната власт биле на раководни позиции во полицијата, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски, поканет во дневникот на телевизија Сител, нагласи дека во последниот период оружје им се давало на лица кои законски немале право да поседуваат оружје, а на лицата кои ги остварувале своите права не им било дозволено да ја завршат постапката. Тој предупреди и за дигитализирање на овој вид услуга.
„Согласно насоките на јавниот обвинител, за сите за кои ќе се утврди дека има елементи на извршување на кривично дело, во наредниот период или утре или од понеделник ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. .. Заслужија да бидат отпуштени, отказот го добија како дел од дисциплинска постапка. Според насоките на јавниот обвинител, ќе следи соодветна кривична постапка за оние за кои постојат“, рече Тошковски.
Тошковски најави и дека се размислува за нов закон со кој треба да се регулираат сите права за носење оружје, кој ќе се усогласи со правата на граѓаните на ЕУ.
,,Мора да имаме длабока анализа, мора да работиме посветено во интерес на граѓаните, мора да најдеме систематски решенија“, рече Тошковски.
Запрашан дали има информации за некаква закана за безбедноста на државата, Тошковски нагласи дека МВР и сите други институции кои се занимаваат со безбедносни прашања се подготвени да одговорат на сите предизвици кои може да се појават во иднина.