Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека државата има тотално нефункционален систем кој мора да одговори на кризни состојби, пожари, поплави и дека е неопходно да се создаде функционален систем преку создавање квалитетна легислатива.
„Покрај ад хок решенија, да создадеме систем кој ќе биде функционален и ќе одговара на овие ситуации. Ангажирани се странски експерти кои со своето искуство ќе помогнат во затворањето на редовите во Македонија, што значи дека идејата на Владата за спојување на некои институции најверојатно ќе треба да се спроведе што е можно поскоро, мора да се создаде законска легислатива и ние ќе продолжи сериозно да одговара како што доликува на една држава“, нагласи министерот Панче Тошковски.
Претседателот на ЗЕВЛ и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска беше дел од седницата на управниот одбор за координација и управување со кризниот систем со кој претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.