Тошковски за бегството на Груби: МВР има видео материјал, полицаецот е суспендиран

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку видео порака се обрати до СДСМ по повод бегството на Артан Груби.

Тој изјави дека МВР располага со видео материјал на кој јасно се гледа прекршување на законот и процедурите од страна на полициски службеник во моментот кога Груби избегал.

Според Тошковски, МВР ги обезбедило сите докази и испратило известување до Обвинителството, а по консултација со обвинителот ќе биде поднесена кривична пријава.

Тој додаде дека полицаецот е суспендиран и дека лично не го познава.

Тошковски обвини дека СДСМ ја штити ДУИ и ги штити нејзините интереси.

Претходно, СДСМ побара од Тошковски да ја каже вистината за бегството на Груби, заканувајќи се дека ќе го открие скандалот во целост доколку не го стори тоа во рок од 24 часа. Тие го обвинија Тошковски дека учествувал во „добро организирана операција“ за помош на Груби да избега.