Тошковски за денешната полициска акција: Кривична пријава има поранешниот премиер и поранешниот вицепремиер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција даде детали за денешната полициска акција поради сомнежи за неправилности во Државната лотарија.

Тошковски рече дека полицијата постапувала по наредба на Обвинителството, по кривичната пријава против поранешен премиер и поранешен вицепремиер. Тој рече дека нема да дава премногу информации и побара да се почитува презумпцијата на невиност.

„Во текот на денешниот ден, постапувајќи по наредби на скопското обвинителство, преземени се повеќе мерки, извршени се рации на повеќе локации, а постапувајќи по кривичната пријава од 13.12.2024 година, од страна на Одделот против криминал и организирана и тешка корупција, Сектор за криминалистички истраги, Одделение за корупција, против 8 физички лица, од кои едно поранешен премиер, еден е поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лице и еден поранешен генерален секретар, другите се државни функционери кои работат под маската на едно од правните лица“, рече Тошковски.

Инаку, од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за развој на истражната постапка против две лица кои се осомничени дека сториле кривично дело како соводители на „Внесување во служба“. За уште четири лица е поведена кривична постапка за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, поврзана со Државна лотарија.