Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше прашан за експлозијата што се случи во Скопје, од која беше повреден Раде Трајковски-Штекли. Тошковски рече дека соодветно ќе одговорат на криминалните групи.
Добро е што во овој момент немаме опасна состојба по ничиј живот, лошо е што и денеска „беснеат“ криминалните банди, но адекватно, одлучно и остро ќе одговориме на сите кои го нарушуваат мирот на нашиот граѓани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Во однос на тоа каква е надлежноста на МВР, според капацитетите што ги имаме ќе постапиме. Ве уверувам во ова. Нема да има повеќе опасности, како што беше претходно“, рече Тошковски.