Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека по пет лица е распишана меѓународна потерница во врска со трагедијата во Кочани.
„По 4 лица се распишани меѓународни потерници. МВР во координација со Јавното обвинителство во моментов презема активности во Министерството за економија каде се бара документација за предметната дискотека, како и за лицата инволвирани со неа. До 11:30 часот според информациите со кои располагаме загинале вкупно 59 лица“, изјави Тошковски.
Тошковски рече дека чувствува морална одговорност за овој случај и дека ќе се истражува максимално коректно.
Обвинителот Љупчо Коцевски вети брза и правична истрага за случајот.