Тошковски: Нема да има компромис во борбата против корупцијата и организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

Како што соопштија од неговиот кабинет, министерот Тошковски му се заблагодарил на американскиот амбасадор за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави континуирано ја дава на Република Македонија, со акцент на обуката на персоналот и набавката на опрема.

„Како една од стратешките цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе се фокусира во наредниот период, министерот Тошковски ја истакна борбата против организираниот криминал и корупцијата, како приоритет кој е еден од главните столбови на програмската влада“.

„Амбасадорот на САД, Агелер, му се заблагодари на министерот Тошковски за континуираната одлична соработка на Република Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општественото живеење, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и соработка во наредниот период“, се наведува во соопштението.