Тошковски: Од 1 јануари 2026 година ќе почне имплементацијата на системот „Безбеден град“

Со десетдневни засилени сообраќајни контроли и зголемен број сообраќајни прекршоци за овој период од почетокот на годинава до сега, бројот на сообраќајни незгоди е всушност намален за 30 отсто, а несреќите со жртви за 60 отсто, нагласи денеска Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој очекува дека продолжувањето на системот „Безбеден град“, кој официјално треба да биде во функција од 1 јануари 2026 година, значително ќе ги намали тие бројки.

„Свесните граѓани, оние кои сакаат да го почитуваат 3аконот, кога знаат дека има засилени контроли, дека има конкретно средство или, да речеме, зголемени физички полициски контроли на местото на настанот, внимаваат како ги возат возилата и поради тоа што можат да бидат казнети, бројот на сообраќајни незгоди е намален за речиси 30 проценти, бројот на тешките телесни повреди на градот денес е намален за 6 проценти.

Анализата од десетдневните засилени контроли на патиштата, додаде Тошковски, покажа дека на подрачјето на Полициската станица Скопје се откриени 3.965 прекршоци, од кои најголемиот дел, 80-90 отсто, ги направиле возачи на моторни возила. Лани имало 2.023 прекршоци.

„1474 година, околу 37 отсто се резултат на возење возила со брзина поголема од дозволената. Зборуваме за урбани средини. Најголем фокус беа црните точки на булеварите во Скопје. 882 прекршоци или 22 отсто се прекршоци за застанување или паркирање на место кое ја загрозува безбедноста. И да напоменам уште една бројка – 235 прекршоци направиле лица кои никогаш во животот немале возачка дозвола“, рече меѓу другото Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека со систематскиот пристап работната група заклучила дека се потребни измени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да функционира: Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот законик и Законот за извршување санкции. Сите тие, смета тој, се клучни закони кои мора да претрпат измени за да се создадат функционални, систематски решенија.

До крајот на април се очекува до Собранието да бидат доставени сите измени на законите кои се однесуваат на безбедноста во сообраќајот во земјава. Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да започне на 1 јануари 2026. Ќе има уште повеќе засилени полициски контроли.