Тошковски: Осум лица се приведени за настаните со македонското знаме

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција зборуваше за настаните од вчера во Скопје на одбележувањето на 28 ноември. Тошковски рече дека полицијата на РСМ веќе привела осум лица.

„Осум лица веќе се уапсени. Приведени се четворица учесници во тепачка, а останатите 4 лица се осомничени за 319 од Кривичниот законик што се однесува за поттикнување расна и верска омраза, за што е предвидена затворска казна од 1 година, од кои еден е малолетник и тројца се млади на возраст од 18 до 21 година. Тие се веќе приведени и наскоро ќе се појават на суд. ,,Лицето што го скина македонското знаме покрај црвен автомобил веќе е уапсено“, рече меѓу другото министерот Тошковски.

Тој ги замоли и сите граѓани кои имаат видеа, фотографии и други информации за сквернавењето на македонското знаме да ги достават до МВР.