Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Единицата за внатрешни работи – Карпош, каде што оствари работна средба со раководството на оваа единица.
Раководството на НЈПБ Карпош на средбата ја презентираше структурата и персоналот на оваа Единица и истакна некои проблеми со кои се соочуваат во секојдневното работење од аспект на човечки ресурси и материјално-технички средства.
„На заедничката средба беше констатирано дека во иднина е потребно да се инвестира и да се работи на подигање на мотивацијата и условите во кои работат полициските службеници, бидејќи полицијата е огледало на државата“, соопшти МВР.
Од своја страна, од министерот Тошковски беше побарано да биде запознаен со двата изборни процеси кои не очекуваат и да ги преземе сите неопходни мерки и активности, со цел полицијата да биде над својата должност и да овозможи спроведување на изборниот процес. на чесен начин.и демократски.