Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека криминалот во Државната лотарија во која се осомничени поранешниот директор Запарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби е многу поголем од 8 милиони евра. Мицкоски одби да ги коментира гласините дека парите од криминал се инвестирани во криптовалути.
За евентуалното инвестирање во криптовалути, дури и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за Алсат го избегна одговорот. Тој рече дека се истражуваат сите видови на криминал, а за ова се вклучени институции почнувајќи од Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Царината, ДЛ и Министерството за внатрешни работи.
„Се прибираат многу сериозни индиции, многу докази, голем број докази, така што овој случај навистина ќе биде еден од најинтересните случаи од гледна точка на белосветскиот криминал што сме го имале во историјата на Македонија, поврзано на предметното правно лице“, изјави Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи.
Тошковски, потврди дека има информации дека со парите на кривичното дело се сомнева дека се купени имоти внатре и надвор од Северна Македонија.
„Има информации дека со незаконски стекнати финансиски средства се купени многу имоти на многу локации, не само во Македонија.
Тошковски сподели и детали за бегството на Груби од граница со дипломатски автомобил. Според него, граничната полиција направила кардинална грешка што не видела на компјутер дека Груби е на Стоп-листата, а потоа немала можност да го сопре Груби, а тој преминал во Република Косово.
Зарем немаа можност колегите од косовската граница за да го спречат?“, праша Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Неговата реакција беше одложена, тој повеќе не беше на средина и на граничната контрола, туку само влезе во Република Косово“.
Министерот Тошковски рече дека нема официјални информации од ниту една соседна земја или Интерпол за локацијата на Груби, иако се во постојан контакт со државите од регионот. Запрашан да ја коментира хипотетичката ситуација доколку Груби евентуално има албанско државјанство и тоа би претставувало проблем за негово екстрадиција, Тошковски рече дека доколку е тој на негово место, нема да биде многу среќен и сигурен, особено поради тоа што Груби е сместен на црната листа на САД.