Министерот Тошковски најави дека со измените на законот за безбедност во сообраќајот за ставање во функција на камерите што ќе служат на проектот „Безбеден град“, ќе стапи на сила забрана за употреба на телефони за пешаците и сите оние што управуваат со моторни возила додека се движат.
„Забраната за употреба на електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други видови моторни возила стапува на сила со утврдување на соодветни казни. Забрана е предвидена и за пешаците при одење, преминување на коловоз, како и при движење по велосипедската патека доколку користат телефон или електронски уреди“, рече Тошковски.
Тошковски рече дека „Безбеден град“ ќе им помогне на граѓаните да се чувствуваат побезбедно на улиците.
„Со овие измени се обезбедува сигурен документ за сообраќајни прекршоци. Дефинирање на записникот со платен налог за помал прекршок како единствен документ, регулирање на процесот за утврдување и документирање на сообраќајни прекршоци со техничка опрема и многу повеќе.“
Проектот „Безбеден град“ ќе се спроведува од јануари 2026 година.