ТОЈ БЕШЕ СИМБОЛ НА УБАВИНАТА ВО СТАРА ЈУГОСЛАВИЈА И ЖЕНИТЕ ГО КРЕВАА ДО НЕБО: Денес никој не го препознава (ФОТО)

Не сме го виделе одамна!

Актерот Душан Војновиќ беше симбол на машката убавина во стара Југославија. Го паметиме по улогите во филмовите „Република Ужице“, „Другарчине“, „Дуел за јужната железница“, „Привремена работа“, сериите „Војници“ и „Шеста брзина“.

Со својот изглед и глума остави многумина без здив и остана во сеќавање иако не сме го виделе со години. Последната улога по која го паметиме е во филмот „Трета среќа“ каде глумеше „опасен тип“ по име Ник.

Долго време љубителите на филмот се прашуваа каде исчезна, а потоа Душан не изненади сите со неговото враќање во серијата „Црна свадба“. Многумина не го препознаа, со оглед на тоа дека денес има 71 година и дека долго време го нема, но искусното око на филмофилите не можеше да го пропушти.

На Инстаграм беше формирана дури и страница посветена на него. Војновиќ се појави како Секуловиќ, началникот на инспекторот Петар кој го игра Уликс Фехмија и тоа само во една епизода, но се очекува неговиот лик да добие многу повеќе простор во продолжението на серијата. Еве како некогашната голема ѕезда на СФРЈ изгледа денес: