Милијардерот Илон Маск го нарече филантропот и основач на иницијативата за отворено општество Џорџ Сорос како „мизантроп“.
„Според мое мислење, тој го мрази човештвото на фундаментално ниво“, порача Илон Маск за време на појавувањето во подкастот на Џо Роган.
Илон Маск тврди дека Џорџ Сорос знае колкаво влијание може да има помагајќи им на политичарите да бидат избрани на пониски локални функции, бидејќи разбира дека законите не треба да се менуваат, важно е како се спроведуваат.
Тој исто така, го нарече Џорџ Сорос како главниот донатор на Демократската партија во САД.
Претходно, Илон Маск изјави дека има намера да ја тужи Фондацијата „Отворено Општество“ за да го запре наводното сузбивање на слободата на говорот.