Јелена Карлеуша малку зборува за бракот, додека Душко со години не дава никаква изјава за медиумите иако таблоидите прават сензација од секоја негова фотографија на Инстаграм.
Сепак, во интервју за локалните медиуми, пејачката откри дали има вистина во приказните дека нему му ја посветила најемотивната песна „Јас“, со оглед на тоа што самата го напишала текстот за неа.
-Можам да кажам дека сум креатор на многу текстови, а во секој има по нешто од мојот приватен живот, а Душко дефинитивно е некој кој е дел од мојот живот – изјави пејачката.
На кого и да му е посветен овој текст, публиката веќе го издвојува како еден од најубавите во кариерата на Јелена.
Што се однесува до албумите „Алфа“ и „Омега“, и двата поминаа феноменално кај публиката – помладата Тик Ток публика повеќе го сака ,,Алфа”, малку постарите фанови на Јелена ја претпочитаат ,,Омега’, и има по нешто за секого.