Ретко посегнуваме по чај од ѓумбир, а се смета за многу здрав. Има необична арома, која ја даваат бројни испарливи и неиспарливи материи, меѓу кои важна улога играат ѓингеролите. Со право може да се каже дека е еден од најефикасните напитоци во лекувањето на болки во грлото, кашлица и бронхитис. Помага за проодност на дишните патишта. Неколку научни студии покажаа дека ѓумбирот е ефикасен против бактериите (Staphylococcus aureus и Pseudomonas aeruginosa) кои предизвикуваат некои респираторни инфекции.
Покрај тоа, чајот од ѓумбир е одлична помош против мачнини од различни причини, вклучително и оние кои се јавуваат за време на хемотерапијата. За луѓето кои страдаат од болест на движење, се препорачува да пијат чај од ѓумбир пред и за време на патувањето. Исто така, редовното уживање во него помага за здравјето на срцето и крвните садови со намалување на концентрацијата на ЛДЛ холестеролот и спречување на таложење на атеросклеротични наслаги.
Сепак, позитивните ефекти на ѓумбирот врз здравјето не завршуваат тука.
Промовира регенерација на црниот дроб, раствора камења во бубрезите, раст и репродукција на посакуваните бактерии во цревата, нормализирање на зголемената концентрација на шеќер во крвта, а исто така ги спречува несаканите промени во телото кои го придружуваат дијабетесот.
Како да се направи?
Состојки:
2 dcl вода
1 dcl кокосово млеко
¼ лажичка куркума
¼ лажичка рендан ѓумбир
ПОДГОТОВКА:
Во тенџерето ставете ја водата да се загрее.
Кога водата ќе зоврие, додадете куркума и ѓумбир. Намалете ја топлината и вриејте 7-10 минути.
Додадете го млекото и исцедете го чајот во чаша.
Подобрете го вкусот на чајот со додавање мед.
Доколку сте бремени или страдате од хронична или сериозна болест, консултирајте се со вашиот лекар пред да го консумирате.