Американскиот државен секретар Марко Рубио на социјалната мрежа „Х“ објави дека јужноафриканскиот амбасадор во САД Ебрахим Расул повеќе не е добредојден во САД.
Рубио изјави дека Расул е политичар кој поттикнува расизам, ја мрази Америка и ПОТУС.
– Немаме за што да разговараме со него и затоа важи за персона нон грата.