Претходниот ден Ал Наср го совлада големиот ривал Ал Шабаб со убедливи 5:2 во четвртфиналниот натпревар од Купот на саудискиот крал, а еден од стрелците беше 38-годишниот ас Кристијано Роналдо, кој го затресе мрежата на противникот во 74. минута.
Тоа беше и 50-ти гол за Кристијано Роналдо годинава, импресивен настап за 38-годишен напаѓач.
Во тековната година и Ерлинг Халанд 50 пати ја погоди противничката мрежа, а Хари Хејн и Килијан Мбапе имаат по 49 гола.
Исто така, вреди да се напомене дека славниот Португалец вчера ја забележа 14-та асистенција во 2023 година.
Во тековната сезона Кристијано Роналдо постигна 26 гола, од кои 16 постигна на 15 натпревари од Саудиската Про Лига.