Со тројка во последната секунда Далас стигна до победа над Лејкерс во Лос Анџелес, а на натпреварот присуствуваше и најголемата интернет сензација.
Тоа е Хасбула Магомедов , дваесетгодишен млад човек од Русија кој е висок само еден метар поради проблем што го има од раѓање, односно недостаток на хормон за раст.
Хасбула направи шоу појавувајќи се во Стејплс центарот. Кон него беа вперени голем број камери и телефони, што доволно говори за неговата светска популарност.
Овој сладок млад човек од Дагестан има над седум милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Тој е познат по неговото пријателство со Хабиб Нурмагомедов, легендата на УФЦ, а според некои извори, популарноста ја искористил на најдобар можен начин за да заработи сериозни суми на пари.
По натпреварот во кој го виде кошот на Клебер за победа, Хасбула објави фотографија со Лука Дончиќ .