Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус ја изрази својата „целосна поддршка“ за Николо Фаџоли, два дена откако италијанскиот фудбалер беше суспендиран на седум месеци поради обложување.
Николо Фаџоли се согласи на спогодба со Италијанската фудбалска федерација која го повикува да се лекува за зависноста од коцкање.
„Цврсто сме убедени дека Николо Фаџоли, со поддршка од клубот, неговите соиграчи, неговото семејство и професионалците кои ќе му помогнат, ќе се соочи со терапевтскиот и тренажен процес со големо чувство на одговорност и кога ќе ја отслужи казната, ќе може мирно да се врати во натпреварувањето“, се наведува во соопштението на Јувентус.
Николо Фаџоли, кој веќе беше кај терапевт поради проблем со коцкањето, го информираше обвинителот на Италијанската ФА за случајот и соработуваше со властите за да му биде ублажена казната.
Ова овозможи минималната забрана од три години за обложувачите кои се обложуваат на фудбалски натпревари значително да се намали.
Здружението соопшти дека забраната на Николо Фаџоли започнала во четвртокот, што значи дека тој би можел да се врати на последните два натпревари на Јувентус во Серија А во мај.