„Болесник… Не сакаше ни да се убие!“, извикала ќерката на убиената жена во новосадската населба Клиса, откако е откриено дека татко и ја убил мајка и , а потоа го преживеал скокот од мостот Темерин во Нови Сад.
Ќерката на убиената е потресена и постојано плаче, а роднините ја однеле од семејниот дом.
Да потсетиме, нејзиниот татко денеска ја убил сопругата, а потоа врзал синџири и бетонски блок околу себе и скокнал во каналот .
Го запрел автомобилот на сред мост, излегол и застанал на оградата, а преговорите со полицијата траеле речиси еден час.
После тоа се фрлил, но спасувачите го извлекле од каналот.