Американската актерка, модел и поранешна зајачица на Плејбој, Карен Мекдугал (52 г.) тврди дека во 2006 година имала 10-месечна афера со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп (76 г.).
Заедно со неа, актерката за возрасни и поранешна стриптизета Сторми Даниелс (44 г.) исто така го прозва Доналд Трамп поради неговите интимни врски, уште пред да победи на изборите во 2016 година.
Тие се одговорни за дури 34 кривични пријави против Доналд Трамп, што го прави првиот поранешен претседател во историјата на САД кој се соочил со кривични пријави, додека тој категорично ги негира сите.
„Може да биде дрзок и вулгарен, но кога има свои љубезни моменти, прекрасно е да се видат бидејќи тоа значи дека тој е еден обичен човек. Тој треба да биде повеќе сочувствителен кон луѓето воопшто – многу повеќе“, изјавила поранешната плејбој зајачица за Daily Mail зборувајќи за Доналд Трамп.
Таа потоа опишува каков бил Доналд Трамп во емотивната врска што ја имале.
„Бев заљубена во него. Беше заљубен во мене. Знам затоа што ми го кажуваше тоа цело време. Ќе ми кажеше – ‘Ти си моето бебе и јас те сакам’. Тој ме запозна и со неговите пријатели“, Карен Мекдугал открила детали за британскиот весник.
„Неговите јавно ја негираа нашата врска, но тој никогаш не го стори тоа. Знае дека ја кажувам вистината“, вели Карен Мекдугал, за разлика од Сторми Даниелс, која сексот со поранешниот претседател го нарече како – „најлошите 90 секунди во мојот живот“.
За потсетување, Карен Мекдугал и Доналд Трамп се сретнаа во вилата на Плејбој на забава покрај базен во јуни 2006 година, организирана од Хју Хефнер за натпреварувачите во реалното шоу на Доналд Трамп.
„Ме следеше наоколу како кученце и се обидуваше да ми го привлече вниманието“, кажала искрено Карен Мекдугал за тоа како го шармирала 45-от претседател на САД.
Во тој момент Доналд Трамп повеќе од една година бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија Трамп (53 г.), со која во март 2006 година го доби синот Барон, кој имаше само неколку месеци кога започнала аферата со Карен Мекдугал.
Доналд Трамп го замолил својот чувар да го земе бројот од девојката која го шармирала, а неколку дена подоцна, по заедничката вечера во неговиот бунгалов во хотелот Беверли Хилс, ја поминале првата заедничка интимна ноќ откако собната услуга донела стек и пире од компири во нивната соба.
„Јас не сум таков тип на девојка“, му кажала наводно Керен Мекдугал на Доналд Трамп откако тој и понудил пари за една заедничка ноќ.
„Знаеше дека згреши бидејќи виде колку сум вознемирена од понудата. Ми кажа дека сум посебна“, открила Керен Мекдугал.
Манекенката вели дека плакала цело возење до дома и мислела дека никогаш повеќе нема да го види Доналд Трамп, но кога добила уште една покана за вечера, таа прифатила, иако вели дека не знае зошто.
„Знаев дека е оженет, но тогаш тоа не ми беше на ум. Тогаш бев друга девојка, се забавував и не размислував премногу за нештата“, вели таа, која исто така тврди дека се срами поради 10-месечната афера.
Медиумите често ја прикажуваат како горчливата страна во оваа врска, но таа изјави дека го напуштила Доналд Трамп поради нејзината романса со холивудкста увезда Брус Вилис.
Пред изборите во 2016 година, на Керен Мекдугал и биле исплатени 150.000 долари за да ја задржи аферата во тајност.
„Тоа ми одговараше бидејќи не сакав приказната да стане јавна“, изјавила поранешната зајачица.