ТРАГЕДИЈАТА НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БОКСЕРИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Се самоуби синот на Рој Џонс Јуниор, легендата објави потресна порака

Еден од најголемите боксери на сите времиња, Рој Џонс Јуниор , ја објави страшната вест за смртта на неговиот син (30).

– За жал, мојот син Диандре си го одзеде животот во саботата. Благодарен сум што Бог ми дозволи да се вратам дома во петок навечер за да ја поминам последната ноќ од мојот живот со него и моето семејство“, напиша Џонс и додаде:

Знам дека многу луѓе минуваат низ тешки времиња во моментов, но ништо не вреди да си го одземеш животот. Бог го дава и Бог треба да биде тој што ќе го одземе. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека моето семејство и јас сме во оваа загуба“, рече поранешниот боксер.

Деандре беше најмладото од трите деца за Џонс Џуниор и неговата сопруга Натлин, кои имаат уште два сина, Рој III и Дешон.