Трагедија во светот на бодибилдингот. Во неделата почина балканскиот шампион Каталин Стефанеску (30).
Неговото безживотно тело е пронајдено во рибарско езеро кај Лазури, а првите информации велат дека се удавил додека ловел риба.
Според романските медиуми, тој се удавил во вода која не била подлабока од еден метар.
Стефанеску беше државен и балкански шампион во бодибилдинг, а со репрезентацијата на Романија го освои среброто на Балканското првенство во 2020 година.
Зад себе остави сопруга и ќерка.