Во судир меѓу тинејџери во градот Грамш во Албанија, животот го изгубил едно 15-годишно момче, ученик во училиштето „Аслан Шахини“, објавија албанските медиуми.
Трагедијата се случила на околу 200 метри од училиштето, каде во конфликтот учествувале пет ученици од деветто одделение.
Во конфликтот со нож е рането момчето Ф.Б., кое од повредите починало во болница, а повреден е уште еден ученик чија состојба засега не е позната.
Четворица тинејџери, Е.К. (15 г.), А.Ц. (14 г.), О.Ц (14 г.) и С.М. (15 г.), се приведени во полициска станица каде што ќе бидат сослушани од полициски инспектори, во присуство на обвинител, психолог и нивните родители.
„По конфликт меѓу петте тинејџери, со нож тешко е повреден еден од нив Ф.Б., 15-годишен, кој откако бил пренесен во болница, починал од повредите“, соопштила тамошната полицијата, објавија соседните медиуми.