Министерството за внатрешни работи соопштува дека се случила трагедија во Јавната здравствена установа „Скопска психијатриска болница“ во Бардовцу, при што починал осуденик.
„На 05.08.2025 година во 01:38 часот, во Психијатриската болница во Скопјe е пријавено дека околу 00:50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница во Скопјe“ во Бардовци, во просторија на судското одделение, се случила физичка пресметка помеѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, Скопје. Во овој случај, И.С. паднал во несвест од удар со стаклено шише, па бил префрлен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал во 02:20 часот. Лекарот ја констатирал смртта, додека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Д.С. е задржан во просторијата каде што се случил инцидентот.
Всушност, Д.С. е лице осудено за сторено кривично дело „Убиство“, додека И.Т. е осудено за кривично дело „Семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението на МВР.