Бугарскиот музичар Кирил Маричков ненадејно почина на сцената во петокот вечерта, јави БНТ. Маричков беше фронтмен, басист, пејач и композитор на бугарскиот рок бенд Штурците.
Кирил Маричков падна од бината за време на настапот и удри со глава, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената. Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути. Бугарската рок легенда на 30 октомври ќе наполнеше 80 години.
Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го блокирала теренот. Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, додека бил на сцена.
Брзата помош пристигнала за 7 минути, а според информациите Маричков починал при реанимација.
Првите чекори на Кирил Маричков во музичкиот свет беа со бендот Бандарацита, во кој свиреше на бас гитара.
Во 1967 година, откако „Бандарарците“ се распаднаа, Маричков и тапанарот Петар Цанков го основаа „Штурците“. Кирил Маричков го постигна својот најголем успех како музичар и изведувач со групата „Штурците“, која стана легенда на бугарскиот рок.
„Штурцити“ се смета за една од највлијателните бугарски рок групи во 20 век.