Две лица загинаа кога мал цивилен авион ,,Леарџет” се урна во близина на воздушната патека на НАТО во близина на Рендсбург, Германија.
Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во, како што се вели, тренинг лет.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја потврди веста за соборувањето на авионот. Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета за провинцијата Долна Саксонија.
На местото на несреќата излегле голем број пожарникари и полиција, а сè уште не се познати околностите кои довеле до падот.