ТРАГЕДИЈА ВО ДЕБАРЦА – Во пожар животот го загуби 77 годишна жена, а повредени се уште две лица

Жена на возраст од 77 години го загуби животот во пожар кој утринава избувнал во куќа во Дебрца, а пожарникарите спасиле две лица со изгореници по телото.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски, информираше за медиумите дека пожарот e пријавен утрово во 08:25 часот при што на лице место се испратени две интервентни возила со петмина пожарникари. 

Дебрца

Според изјавата на командирот на ТППЕ Охрид, причините за пожарот  се непознати. 

Борко Јанкуловски упати апел до граѓаните навреме да ги чистат оџаците и да внимаваат при користењето на продолжните кабли. Апелот до граѓаните е и еднаш месечно да ги чистат грејните тела во домовите како што се камини, печки, шпорети на дрва и слично. Според него, со тоа се намалуваат ризиците дека домот односно објектот може да биде опожарен.

ДебрцаМакедонијапожарсмрт