ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА – Воени авиони се урнаа во близина на Рим! (видео)

Два воени авиони Siai 60° Stormo се судрија денеска малку пред пладне во близина на Рим. Еден од авионите паднал во поле во близина на градот Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој град на периферијата на Рим. 

Како што објави италијанскиот медиум Corriere della Sera, двајцата пилоти загинале. Станува збор за потполковникот Даниеле Ципријани и мајорот Марко Менегело .

Причините за несреќата се истражуваат, а обвинителството отвора истрага.

Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот.

Двајца од четворицата пилоти слетале безбедно и ќе бидат распрашувани во следните неколку часа. Еден авион паднал врз автомобил паркиран пред зграда. Целиот простор е опколен од спасувачи кои по обезбедувањето на просторот проверувале дали во моментот на ударот имало минувачи на улицата. Останува да се разјасни зошто авионите биле на тренинг лет над градот.

Оваа вест не исполнува со тага. Во име на владата изразувам длабоко сочувство до семејствата, колегите и целото тело на воздухопловните сили“, изјави премиерката на Италија, Џорџи Мелони.

авионска несреќаГвидонијаИталијанесреќаРимсмрт