ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА – Пронајдено мртво тели по дербито Наполи-Милан: Навивач паднал од 20 метри височина на стадионот

Страшни вести доаѓаат од Италија. Телото на 42-годишниот Антонио Скот Ди Луци е пронајдено на напуштен паркинг под гостинскиот сектор на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде синоќа се играше натпреварот меѓу Наполи и Милан, пишуваат италијанските медиуми.

Според приказната што во полиција ја доставил пријател на жртвата, двајцата се обиделе да обезбедат влез на стадионот преку тунелот без билети. При обидот да го помине тунелот, пријателот на Антонио Скот Ди Луци, кој за жал починал, забележал дека падната греда му го попречила пристапот и се откажал од обидот.

Жртвата, 42-годишен маж кој живеел во Бацоли, во провинцијата Неапол, при обид да се искачи паднал од висина од околу 20 метри и завршил на земја. Телото било пронајдено во текот на ноќта.

Натпреварот заврши со резултат 2:2. Гостите од Милано ги предводеше Оливие Жиру со два гола, а во останатиот дел од натпреварот Политано и Распадори обезбедија реми.

ИталијаМиланНаполинесреќасмртфудбал