Трагедија во Кочани: Поранешни министри за економија од 2012 година повикани на распит

Министерството за внатрешни работи утрово ги повика поранешните министри за економија од 2012 година на информативна средба во врска со трагедијата во Кочани.

По инцидентот во Кочани, МВР започна длабинска истрага за дискотеката Пулс, повикувајќи ги на информативен разговор поранешни министри за економија, објави информативниот портал 360 Степени.

Потсетуваме дека за инцидентот во Кочани, на 30-дневен притвор се поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, поранешниот државен секретар за економија, како и уште 3 други вработени во секторот туризам во Министерството за економија.