Лионел Елика Фатупаито не успеа да преживее срцев удар.
Тренерот на боксерската репрезентација на Самоа, Лионел Елика Фатупаито (60) почина од срцев удар во Олимпиското село, соопшти Олимписката асоцијација на Самоа (САСНОЦ).
Како што изјавија, ова е еден од нивните најдобри тренери.
– Лионел беше еден од најдобрите боксерски тренери на Самоа. Нашите мисли и мислите на целата спортска заедница на Самоа се со семејството, колегите и пријателите на Лионел. Многу ќе ни недостига – изјави Паула Талалелеи Пауга, претседател на Олимпискиот комитет на Самоа.
Како што се додава, Комитетот не сака да дава дополнителни изјави во оваа прилика.
– Самоанскиот комитет нема да дава дополнителни изјави и ќе побара да се почитува приватноста на семејството на Лионел и спортистите во овој тежок период.
Вкупно 24 спортисти ја претставуваат Самоа на Олимписките игри во Париз.