Возот Скопје – Битола кој тргнува од Железничката станица во Скопје во 20:05 часот над три часа стои кај Кисела Вода, односно на излез од населбата 11 Октомври, на надвозникот.
Патниците за ТВ21 велат дека се револтирани, и бараат алтернатива.
На лице место има полиција, а според неофицијалните информации до кој дојде ТВ21, возот прегазил човек.
Засега нема информации за состојбата на лицето.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.