ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – Едно лице загина во пожар во стан во населбата Хром

Едно лице загина во пожар, кој денес избувна  во стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром. 

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавиле дека утрово, во 09:35 часот имале пријава за пожар. 

Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците“, изјави за МИА командантот на скопската ППЕ, Звонко Томески.

На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица.

МакедонијапожарСкопјесмрт