Трагедија во Скопје! 23 годишно момче почина на градежен објект во Бит Пазар

Дваесет и тригодишен Cкопјанец вчера починал откако паднал од зграда во изградба во регионот на Бит Пазар. Според пријавата до МВР, младиот човек отишол во објектот да му однесе храна на својот татко кој работел на изградбата на објектот.

„На 12.12.2024 година, во 10:50 часот во СПБ-Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје било соопштено дека со тешки телесни повреди кај нив бил испратен М.О.(23) од Скопје. кој починал околу 20.20 часот.

„Според објавата тој паднал од зграда во изградба во регионот на Бит Пазар, каде му однел храна на својот татко кој работел во зградата“, велат од МВР, додавајќи дека телото на починатиот е испратен на обдукција, а за инцидентот се известени Обвинителството и Трудовиот инспекторат.