ТРАГЕДИЈА ВО СЛОВЕНИЈА – Дете загинало во запален автомобил: Вратата била заклучена, а случаен минувач забележал како момчето се бори за живот

Словенечките пожарникари извлекле безживотно дете од запалената кабина на заклучен автомобил оставен на сонце, објавија тамошните медиуми.

Голема трагедија се случила денес околу 13 часот во населбата Свети Ловренц во словенечкиот град Преболд. Според словенечките медиуми, детето го забележал случаен минувач покрај автомобилот.

И покрај брзата интервенција на случајните минувачи и укажаната прва помош, детето не можело да се спаси и починало на лице место“, соопштиле од Управата за заштита и спасување на Словенија за медиумите.

Според информациите, не помогнало ниту брзото пристигнување на воен хеликоптер од Марибор.

По тој повод, Националниот институт за јавно здравје на Словенија повторно упати апел до родителите.

Не оставајте деца во паркиран автомобил! Прекумерните температури можат да бидат фатални. Никогаш не оставајте никого во затворен паркиран автомобил. Ниту една минута. Децата не треба да си играат во автомобил. Безбедно ставете ги клучевите и далечинскиот управувач. Пред да го напуштите автомобилот, отворете ја задната врата и проверете дали е детето во неа“, наведуваат од Институтот во соопштението до јавноста.

автомобилдетенесреќаСловенијасмрт