Србија ја потресе случајот со убиството на двегодишното девојче кое почина како последица на малтретирање и тепање.
Полицијата го уапсила очувот на девојчето Милош Н.(25) поради сомнение дека го убил, додека мајката Јелена Т.(23) е приведена за кривично дело – Неодговорност и напуштање малолетно дете.
Милош е осомничен дека во изнајмен стан во Зајечар ја удрил неколку пати по главата и телото двегодишната ќерка на неговата вонбрачна сопруга, при што ја повредил тешко. После тоа детето било пренесено во Здравствениот дом во Зајечар каде починало, пишува Нова.рс.
Се сомнева дека мајката на двегодишното девојче знаела дека нејзиниот партнер и претходно го претепал девојчето, но не пријавила во полиција.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство во Зајечар.