Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи на вчерашната Формула 1 трка за Големата награда на Азербејџан.
Перес ја оствари својата шеста победа во кариерата на уличната патека во Баку, еден ден откако победи на спринтерската трка.
По трката интензивно се зборува за инцидент кој се случи на самиот крај на трката кога во боксот влезе возачот на Алфа Таури Естебан Окон , а сите вработени во тој момент беа на патеката.
За среќа, луѓето во последната секунда успеаја да се тргнат од патеката, па избегната е голема трагедија.
Второто место на трката го зазеде неговиот тимски колега, двократниот последователен светски шампион Макс Верстапен , а на подиумот за прв пат оваа сезона се пласираше и Шарл Леклер од Ферари .
Фернандо Алонсо од Астон Мартин мина низ целта четврти , возачот на Ферари Карлос Саинц заврши на петтото место, додека Луис Хамилтон од Мерцедес го освои шестото место.
Бодови постигнаа и Ленс Строл (Астон Мартин), Џорџ Расел (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен) и Јуки Цунода (Алфа Таури) .