Две лица загинаа во неделата кај Илијас кога воз налетал на патнички автомобил .
Несреќата се случила околу 17 часот во градот Љешево.
Загинале и двете лица кои биле во автомобилот.
– Докторот на Институтот за итна медицинска помош констатирал смрт на две лица на местото на несреќата. Истрагата е во тек, а за се е известена дежурната обвинителка – изјавила портпаролката на МУП КС Мерсиха Новалиќ.