ТРАГЕДИЈА – Милионерски пар пронајден мртов во својот семеен дом! Ќерката видела ужасна сцена: “Ова не го посакувам никому, страшно…“

Брачна двојка од Есекс е пронајдена мртва во нивниот дом вреден милион долари во одморалиштето Вест Мерси, во близина на Колчестер, Есекс, Англија, пишува Daily Mail.

Полицијата верува дека Стивен Бакстер (61 г.) и неговата сопруга Керол (64 г.) се задушиле од смртоносни гасови, односно поради истекување на јаглерод моноксид.

Стивен и Керол ги пронашла мртви нивната ќерка Ели (21 г.), која веднаш повикала итна помош, но не можеле да и помогнат на несреќниот пар.

Беше апсолутно ужасно да се видат, никому не би му го посакала тоа“, кажала таа откако ги пронашла мртви нејзините родители.

Соседите исто така биле шокирани од трагедијата.

Тоа е ужасна трагедија. Тие беа прекрасна двојка и изгледаа навистина среќни“, кажал еден од соседите за тамошните медиуми.

По истрагата, полицијата соопшти дека не смета дека нивната смрт е сомнителна, а натамошната истрага е насочена кон пронаоѓање од каде дошло до истекување на јаглерод моноксид од неисправен уред или лоша вентилација.

Керол работела многу години како извршен директор на компанија за дизајн на килими за бања, а Стивен работел како деловен директор во фирма за недвижнини и осигурување. Парот се венчал во 2000 година и заедно имаат две деца.

Англијасмрттрагедија